Шведска, кодомаќинот на Светското хокеарско првенство го освои златниот медал, откако синоќа во „Глобен“ во Стокхолм ја победи Швајцарија со 5:1. Швајцарците први со гол го отворија финалниот дуел по само пет минути игра, но шведските репрезентативци постигнаа два гола во првата третина и на пауза заминаа со водство од 2:1. Во вториот период немаше голови, а победата на новиот светски првак беше потврдена во третиот период.
За Шведска ова беше деветти шампионски трофеј од Мундијалите, додека Швајцарија за првпат по 1953 година освојуваат медал. Во натпреварот за третото место САД по изведување на пенали го победи вториот ко-домаќин на СП, Финска со 3:2 по изведување на пенали. За МВП на првенството е прогласен дефанзивецот Роман Жоси (Швајцарија), најдобар голман беше Јонас Енрот (Шведска), додека Петер Контиола (Финска) го доби признанието за најдобар офанзивец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.