Македонската медицинска студентска асоцијација, во соработка со Студентскиот Парламент на УКИМ, денеска донираа 820 новогодишни пакетчиња во хуманитарни цели.
Пакетчињата беа донирани на Детската клиника, Клиниката за Инфективни болести, Клиниката за детска хирургија, ЦСИ „Надеж “, „Завод за рехабилитација на деца и младинци“ – Скопје, Паралелката за деца со посебни потреби во О.У. „Страшо Пинџур“, Училиште за деца со посебни потреби ДСУ „Партение Зографски“ , О.У. „Златен Сремац“, Дом за деца без родители „11 Октомври“, „СОС Детско Село“- Скопје и на семејства од социјално ранливи категории.
Како што се наведува во соопштението на СПУКИМ, волонтери во текот на една седмица, по шест часа дневно на штандови пред маркетите собираа донации од граѓаните
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.