Руските безбедносни сили уапсија седум лица, осомничени за подготовка на терористички напади во Москва за Нова година. Терористите добиле таква наредба од Исламска држава во Сирија.
Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија објави денеска дека нејзини агенти ги уапсиле осомничените во автономната република Дагестан, во северен Кавказ.
Се наведува дека осомничените подготвувале напади на места со многу луѓе со автоматско оружје и експлозив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.