Вчера околу 12.00 часот во маркет на ул. „Методија Митевски“ во Топанско Поле, сопственост на И.Ј. (45) од Скопје, дошла вработената Е.С. со непознато машко лице.
Лицето почнало да крши по маркетот, а потоа физички го нападнал И.Ј. поради тоа што ја казнил и ѝ ја намалил платата.
И.Ј. бил однесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани телесни повреди, по што бил задржан на понатамошно лекување.
СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.