| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: 14 милиони гласаа за промени!!!

analiza225-zoran-zaev-740x320

Соочен со поразот на изборите кој никако не сака да го признае, лидерот на СДСМ излезе со најнова математика. На вонредна прес-конференција на екс Бихаќка, Зоран Заев насмејан од уво до уво истапи на партиската говорница и торжествено соопшти:

-Промените победија, и тоа дефинитивно! Не 612.000, туку 14 милиони гласачи гласаа за промени. И Точка! Е сега да го видам Груевски, 14 милиони е цифра бре! Многу сме јаки!

Штама настана во седиштето подарено од Комунистичката партија на Југославија. Дури и најжолчните јуришници и ултра-комуњари започнаа да се загледуваат меѓу себе со неверица во очите. Фацијалната експресија издаваше дека сите делеа една мисла. Дефинитивно, струмичкиот спасител конечно забегал, помислија и најголемите поддржувачи на разгоропадената политичка камиказе фигура. И додека сите се мислеа што сега и беа во очекување на појавата на жолто комбе кое, конечно, ќе го вдоми лидерот, тој со налудничава насмевка мешајќи струмички од возбуда им соопшти:

-Не сам забегал, јок. Гласовето ми и даде Матео Ренци. На иста линија сме, он не може да а заддрже премиерската фотелја, ја не мога ни да седна у неа. Чуме се преку конзуло Матео Кандела, шо ми даде и алиби за да го одложам „Поткупо“ у судо, па Ренци ми и даде гласовето ут Референдумо у Италијата. Така, на наште 436.938 гласове ќе и додадеме неговите 13.432.208 и ќе имаме скоро четиринајсе миљона за промени! Ееееее, с’а да го видам Грујо шо ќе каже! Дека с’а против 14 миљона ќе оде, дека!

Лицата на социјалдемократите малку се озарија од олеснување. Мухи со малиот пенис, Адеми, Шилегов, Богоев и Богоевски се подмочаа од среќа, а Мухи најмалку, од разбирливи причини. Среќа, носеа пелени. Набргу, сите по команда се подготвија да тргнат пред италијанската амбасада за да оддадат поштовање за чинот. Еден соросоиден медиумски јуришник, сепак, смогна сили и праша:

-Шшшшшш… Лидеру наш најшакан на светот, ооооо шпашителу наш. Амаааа, нели Ренци жагуби на Референдумот во Италија и жа тоа ќе дава и оштавка?

Заев го разбра и покрај ш’шкањето, замавна чаламски со шалчето со боите на Италија и подготвен одговори:

-Да, точно, ама тие 13.432.208 Италијани беха за промена на Уставо и општо за промени. А ние сме исто за промени на Уставо, така што се фузирахме. Башка, настана ни проблем, јавија ни се од БЕСА, Алијансата за Албанците, ВМРО за Македонија, ЛП, ДПА, и од Левица и заканија ни се со тужба ако продужеме да и користеме нихните гласове од изборите на 11 декември. Така, морахме да се снаваѓаме и Италијаните ко за Верушо и судовето ни учиниха, жив и здрав да е конзуло Кандела, онај амбасадоро Ромео ме мразе и пишува глупости на „Твитер“, омрзна ми! 

Портирот го откажа жолтото комбе со изговор дека згрешиле, а дел од насобраните 23-ца комуњари се упатија кон Шведската, Американската и Холандската амбасада. Поштовање е поштовање, особено кон амбасадорот Стефансон, кој прв ги подучи да спојуваат гласови и да ја користат глупоштината дека граѓаните се решиле за промени. Во план биле да припојат и други гласови од која било земја на Планетата, само ако биле за промени, какви и да се. Предност имале оние кои се промена на Уставот во сопствената земја, редефинирање и кои загубиле од противниците. Мотото ќе биде: „Антиуставни лузери од сите земји, обединете се!“

 

 

olaf

Олаф од Фрозен

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Олаф од Фрозен

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top