| четврток, 6 декември 2018 |

Германската полиција притвори Тунижанец кого со поврзува со возачот на камион во Берлин

Берлинската полиција притвори 40-годишен Тунижанец за кој смета дека е најверојатно поврзан со минатонеделниот напад кога кампион влета во Божилниот базар во Берлин. Осомничен за нападот е сега веќе убиениот 24 Анис Амри, кој се товари дека уби 12 луѓе а повреди 48 лица.

Германската полиција верува дека во средата уапсениот маж бил во контакт со Анис Амри. Бројот на мобилниот телефон на приведениот е најден во телефонот на Амри најден на местото на нападот во централниот дел на западен Берлин.

Натамошните истраги покажуваат дека постои можност и сега приведениот Тунижанец да бил вмешан во подготовката на терористичкиот напад. Полицијата во средата утрото извршила рација во просториите во кои живеел и работел 40-годишен Тунижанец, во објект кој е напуштен од 2008 година на берлинскиот аеродром Темпелхоф, пишува „Шпигел онлајн“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top