Едно лице загина во сообраќајната несреќа што се случила вчера во 15.50 часот во Кочани. Во незгодата се судриле три возила, „хјундаи“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.Г. (56) од Кочани, „опел астра“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Ј.И. (29) од с. Нивичани, кочанско и „шкода фабија“ со штипски регистарски ознаки, управувано од О.В. од нас. Оризари.
Во незгодата на местото на настанот починал Ј.Г., возачот на „хјундаи“.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на ПС Кочани. Притоа бил извршен разговор со сопругата на Ј.Г., која појаснила дека непосредно пред сообраќајната незгода најверојатно нејзиниот сопруг добил срцев удар и изгубил контрола над возилото, по што ја предизвикал сообраќајната незгода.
Возачите се алкотестирани, при што не е утврдено присуство на алкохол во крвта, а додека на починатиот е земено крв за анализа.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на фамилијата за погреб и над истото не е извршена обдукција.
Фото:архива
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.