| четврток, 6 декември 2018 |

Русија призна дека направиле програма за допинг

doping kontrola

Поради користењето на средства кои се на црната листа на ВАДА (Светска Антидопинг агенција) многу спортисти изминатиов период останаа без своите одликувања. Систематското користење на допинг во Русија целата земја ја чинеше забрана за учество на Летните Олимписки игри, а голем број на спортисти од оваа земја по тестирање на стари примероци изгубија дел од освоените медали.

Државата се обиде да го прикрие скандалот, но по неколку месеци криење од јавноста, поранешниот министер за спорт, Виталиј Смирнов призна дека е направена грешка.

– Не сакам да зборувам наместо тие што се одговорни и треба да зборуваат, но како поранешен министер за спорт и претседател на Олимпискиот комитет на Русија можам слободно да кажам дека се направени некои грешки – истакна Смирнов по добивање на извештајот на ВАДА во кој се вели дека повеќе од 1.000 руски спортисти учествувале во програмата за допинг за која знаела и државата.

Извршниот директор на Антидопинг агенцијата на Русија, Ана Антселиович, додаде дека користењето на допинг од страна на руските спортисти била институционална завера за која знаеле владини лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top