| четврток, 6 декември 2018 |

Носеле Дедо Мраз капи додека бомбардирале цели на ИСИС

Иако воздушната кампања на коалицијата на чело со САД против милитантите на Исламската држава трае веќе некоку месеци, американските пилоти не го загубија поимот за време, а се чини, ниту смислата за хумор.

Некои од нив решија да го обележат Божик на прилично необичен начин, пренесува Business Insider.

Во текот на воздушните напади извршени на Божик, некои пилоти носеле традиционална црвена капа на Дедо Мраз. Порталот Business Insider ги пренесе фотографиите кои беа објавени од страна на американското Министерство за одбрана.

Коалициските воздушни сили на 25 декември извршија 18 напади на цели на ИСИС во Ирак и Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top