Американската агенција „Асошиејтед Прес“ го избра Леброн Џејмс за спортист на годината. Во анкета на АП, Џејмс доби 59 гласови, а стигна до победата пред Мајкл Фелпс со 16 и Усаин Болт со 9 гласови.
Џејмс во 2016 година со Кливленд стигна до НБА прстен, па беше прогласен за МВП во финалето против Голден Стејт.
Во конкуренција на спортистки, гимнастичарката Симона Бајлес е избрана за најдобра пред Кејти Ледеки и Серена Вилијамс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.