Во Германија во понеделникот е покрената иницијатива која има цел да ги поттикне властите постхумно да му го доделат највисокото германско национално одликување на полскиот возач чијашто интервенција можеби спасила многу животи во нападот со камион на божикниот базар во Берлин вечерта минатиот понеделник, 19 декември.
Речиси 40.000 лица ја потпишале петицијата на интернет страницата Change.org со која се бара од шефот на германската држава Јоаким Гаук да му го додели на 37-годишниот Лукаш Урбан, сопруг и татко на 17-годишен син, Сојузниот крст за заслуги, највисокото цивилно признание во Германија.
Истовремено, пратеникот од опозициската партија Зелени, Омид Нурипур, го повика шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнамер постхумно да му одаде почест на Урбан поради неговото „јуначко држење“.
Полицијата го најде убиен полскиот возач во кабината на неговиот шлепер со кој од Италија за татковината превезувал метални конструкции. Според изјави од истрагата за медиумите, возачот најверојатно бил грабнат и принуден да го вози камионот низ толпата на базарот пред да биде убиен.
Според други пишувања, пак, бидејќи неговото тело е најдено на совозачкото седиште, се смета дека од таму се обидел да ја преземе контролата над воланот и го скршнал од смртоносната патека. Оваа верзија се потпира на фактот дека камионот со кој се убиени 12 а повредени уште 48 лица, откако 80 метри возел низ просторот на саемот нагло скршнал излегувајќи од оградениот простор. Покрај тоа, постојат информации и дека возачот прво бил ранет со нож, а потоа застрелан со куршум.
„Благодарејќи на тој херојски чин, веројатно ги спасил животите на многу луѓе. За тоа го заслужува највисокото германско признание“, се тврди во текстот на петицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст