Втора година по ред данската пивска компанија „Калсберг“ ја организира кампањата „Веројатно најдобрата работа во светот“. Се работи за натпревар, во кој компанијата ќе ви плати 14 илјади долари доколку четири часа по ред седите и пиете од нивното пиво.
Натпреварот се одржува во Сингапур, што веројатно е и единствената замка во целата работа. Инаку, доколку се пријавите, компанијата со автомобил ќе ве земи од работа, а подоцна и ќе ве врати дома.
Победникот ќе добие и завидна титула на пивски дегустатор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.