Квалитетот на животот во која било земја се доведува во прашање, кога сигурноста на поединецот е во ризик. Без оглед дали се работи за земји со високо ниво на криминал или земји кои се загрозени од терористички напади, Мерсер секоја година го објавува индексот за квалитетот на животот, а исто така и сигурноста во европските градови.
Имено, според внатрешната стабилност, нивото на криминал и полициските или безбедносните сили, „Мерсрер“ ја склопи следната листа на најнесигурни градови во Европа:
12. Париз, по низа терористички напади во кои загинаа стотина луѓе
11. Лондон е под будно око на полиција, поради тероризмот
10. Букурешт е на ова место поради ситниот криминал и распространетата корупција
9. Загреб е на листата поради корупцијата
8 и 7. Овие места им припаѓаат Рига и Рим во кои преовладува проституцијата, организираниот криминал, како и заканите за терористички напади
6. Мадрид во кој често има протести поради невработеноста
5. Будимпешта е погодена со миграциската криза, поради што градот често е во хаос
4. Софија, град во кој владее социјалната вознемиреност
3. Атина чии жители живеат во сиромаштво и невработеност, па често има насилни протести, но овде и често поминуваат и мигранти
2. Белград се најде речиси на врвот поради насилните злосторства, митото и корупцијата
1. Киев е најнесигурен град во Европа поради цивилните побуни во односите со Русија. Во Киев често доаѓа до кражби, вандализам, како и насилни протести во кои до сега животот го изгубиле над стотина луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст