| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватски политичар со шокантно тврдење: Нападот во Берлин е наместен

Хрватскиот пратеник во Собранието од Жив ѕид, Иван Пернар го привлече вниманието на јавноста на „Фејсбук“.

Тој напиша пост во кој ја доведува во прашање веродостојноста на нападот во Берлин.

Пернар пишува дека му е чудно како никој не ги видел жртвите на нападот во Берлин и се сомнева дека сето ова е наместено.

Никој не видел ниту еден повреден и не се објавени имињата, смета тој.

44444444

По ова и германскиот поборник на теории на заговор, Герхард Висневски ги анализира снимките од нападот и видел нелогичности.

За потсетување, германската полиција, сепак, објави имиња на дел од загинатите во нападот.

Во понеделникот беа прегазени 12 луѓе на базар во Берлин, а десетици беа повредени со камион кој го управуваше маж од Тунис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top