| четврток, 6 декември 2018 |

Три лица загинаа во бунт во затвор во Јужна Африка, 26 се повредени

Три лица денеска погинаа, а 26 се повредени во бунт во затворот во Порт Елизабет, во Јужна Африка, кога затвореници се судриле со стражарите, соопштија локални претставници.

Како што пренесуваат француските медиуми, хеликоптер и неколку возила на итната помош брзо дошле до затворот, бидејќи стражарите имале проблем да воспостават ред во затворот „Сант Албанс“, во кој и во текот на 2013 имало бунт.

Претстваниците на затворот одбиле да кажат дали погинатите се затвореници или стражари, но додале дека истрагата е во тек и дека министерот за правда Мајкл Масутра утре ќе го посети затворот.

Од 26-те повредени, 10 се наоѓале во тешка здравствена состојба и затоа биле префрлени во болници.

Локалните медиуми пренесуваат дека посетите на затворот не се дозволени

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top