| четврток, 6 декември 2018 |

По два дена еколошка мерка: Сараево го укина „Пар-Непар“ возењето (фото)

Мерката „пар- непар“ за возниот ред во Сараево, БиХ, како мерка против загадувањето, денеска е укината. Мерката беше на сила два дена.

Полицијата вчера и денеска не ги казнуваше оние кои не се придржуваа на мерката туку само им пишуваше предупредувања.

За правните лица кои не би ја почитувале еколошката мерка се предвидуваше казна од 1000 до 5000 босански конвертибилни марки, додека за приватни лица од 500 до 1000 конвертибилни марки.

Оваа мерка наиде на исмејување во јавноста.

para tvit1atif

Босанските медиуми известуваа дека мерката веднаш дала резултати, односно дека измерените единици на загаденост биле намалени. Оваа мерка ги исклучуваше полициските возила како и инспекциите и дипломатските возила .

Укинувањето на мерката се должи токму на намалената загаденост изминатите два дена. Надлежните, се додава, и натаму ќе ја следат состојбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top