| четврток, 6 декември 2018 |

Спречено шверцување на две виолини – антиквитет од 19 век

На граничниот премин „Хоргош“ е спречен обид да се прошверцуваат две виолини кои претставуваат антиквитет од 19 век. Виолините се откриени непосредно по полноќ во возило „нисан микра“, со германски регистарски таблици, со кои управувал музичар од Бугарија.

Тој со својот сопатник патувале на релација Германија-Бугарија, а на влез во Србија и двајцата изјавиле дека со себе носат само личен багаж, соопштила Управата на царината. Во багажникот цариниците затекнале виолински куфер, во кој се наоѓале две виолини со ознака-виолина 4/4 „George Canot a parisi851“ и виолина 3/4 „W.H. Croft violin maker summer lane 1886“.

Вредноста на инструментите засега не е утврдена бидејќи виолините ќе им бидат предадени на вештаци, кои ќе ја утврдат нивната автентичност и вредност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top