| четврток, 6 декември 2018 |

Масовната гробница во Алепо ќе ги уништи митовите на Западот

„Крајот на големата хуманитарна операција на рускиот Центар за помирување во Алепо ќе уништи многу митови со кои што западните политичари го хранеа светот“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Масовната гробница во која што се пронајдени тела на луѓе кои што биле „брутално измачувани“ била пронајдена во неодамна ослободениот сириски град Алепо, соопштија од руското Министерство за надворешни работи.

160504131831-aleppo-burning-exlarge-169Како што пренесуваат руските новински агенции, повикувајќи се на извори од министерството и хуманитарните работници на терен, масовната гробница во Алепо била пронајдена во источниот дел од градот, односно делот од градот кој што беше под контрола на бунтовничките сили.

Портпаролот на министерството, мајор-генерал Игор Конашенков изјави дека на многу од жртвите им недостасуваат делови од телата, а повеќето од нив имале рани од куршуми во главата, пренесува Russia Today.

„Крајот на големата хуманитарна акција на рускиот Центар за помирување во Алепо ќе ги уништи многуте митови со кои што западните политичари го хранеа светот. Резултатите од истрагата во деловите на Алепо кои што ги напуштија таканаречените припадници на умерената опозиција ќе шокираат многумина“, изјави Конашенков.

ap_bei101_mideast_syria_daiПокрај тоа, Русите соопштија дека во тие делови од Алепо каде што била пронајдена масовната гробница, имало и многу минирани улици, влезови од згради, а се појавија информации дека стапици со бомби се поставувани дури и во играчките за деца.

Во една помала област биле пронајдени три тенкови, два топа, три ракетни фрлачи и голем број на минофрлачи. Како што соопшти Конашенков, биле пронајдени и бројни големи складишта кои што биле полни со муниција и разни намирници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top