| четврток, 6 декември 2018 |

Многу работа за екипите на Брза помош, засилување во дежурните служби

– Имаме многу пациенти, речиси за една третина повеќе од лани, на неонатологија нема место и додаваме креветче плус за болните бебиња - вели Аспазија Софијанова директор на Клиника за детски болести

Зголемен бројот на интервенции во скопската Брза помош. Оваа недела  тимовите имале полни раце работа. Наместо вообичаените 80 до 110 повици дневно, вчера интервенирале кај 130 граѓани.  Студеното време и температурните разлики, загадениот воздух и вирусите причина за зачестеното јавување на 194. Најзагрозени според лекарите се пациенти со кардиоваскуларни и респираторни инфекции. Загреани се и телефоните на Ало докторе. Најчесто родители барале совети за високите температури кај своите деца. Дека состојбата со настинките и грипот кај детската популација е веќе алармантна потвдруваат и менаџерите на  болницата во Козле и Клиниката за детски болести.

– Немаме веќе место и чуваме само едно до две места за тешки случаи. овде дневно има и по 300 прегледи, пренатрупани сме, вели Оливер Зафировски, директор на болница за белодробни заболувања кај деца „Козле“.

– Имаме многу пациенти, речиси за една третина повеќе од лани, на неонатологија нема место и додаваме креветче плус за болните бебиња – вели Аспазија Софијанова директор на Клиника за детски болести.

Матични лекари реагираат дека имаат големи гужви во амбулантите, а иста е состојбата и на Клиниката за Инфективни болести.  За да нема турканици во болниците, дежурните служби во поликлиниките во Ѓорче Петров и во Ченто се засилени со два лекарски тима.  Грипот веќе ја надмина бројката од 2.000 заболени, но нема најави за заседавање на Комисијата за заразни болести. Дотогаш важат општите препораки за заштита на населението како одржување на личната хигиена и пиење на топли пијалоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top