| четврток, 6 декември 2018 |

Евакуирани 3.000 луѓе од 3 железнички станици поради закана со бомба во Москва

Околу 3.000 луѓе се евакуирани од три железнички станици во Москва- Казанска, Јарославска и Ленинградска, поради анонимен повик дека на нив има поставено бомби.

– По повик дека на железничките станици се поставени бомби, евакуирани се по илјада луѓе од Казанска и Ленинградска железничка станица, додека од Јарославска се евакуирани 750, наведе извор од руските безбедносни служби.

Се очекува пристигнување на специјалци кои ќе извршат увид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top