| четврток, 6 декември 2018 |

Купувајте паметно за време на новогодишните попусти

Попустите веќе стартуваа, а со нив и активните слогани и понуди на кои тешко дека ќе може некој да им одолее – плати 2 земи 3, плати еден производ, вториот е со 50 проценти пониска цена и слично.

Најдоброто нешто што можете да го направите во овие случаи е да игнорирате. Во спротивно, крајот на попустите ќе го дочекате со празен паричник, непотребни работи и за дел од нив сигурно и ќе се каете.

Стручните лица предупредуваат кога ќе тргнете во шопинг да се држите до плановите. Наместо импулсивно купување, прво добро погледнете го својот плакар, размислете што најмногу носите и што ви недостига за да можете да го надополните својот стајлинг.

Нема да погрешите доколку потрошите малку повеќе пари на парчиња кои никогаш не излегуваат од мода, како мал црн фустан, класична бела кошула и квалитетно црно сако.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top