| четврток, 6 декември 2018 |

Линк: Изборните резултати од прегласувањето во Теарце

Во 19 часот беше затворено гласачкото место 2011 во Теарце во шестата изборна единица, на кое се прегласуваше н деветтите парламентарни избори во Република Македонија.

Резултатите од прегласувањето во Теарце ќе бидат објавени на страницата на Државната изборна комисија на овој линк

На деветтите парламентарни избори во Македонија, а четврти предвремени од 2008 година, право на глас според Избирачкиот список имаа 1.784.416 граѓани, од кои 1.531.368 граѓани во Македонија.

На избирачкото место 2011 во Теарце денеска се повтори гласањето за предвремените парламентарни избори 2016. Избирачкото место 2011 во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ беше отворено во 7 часот.

Во Избирачкиот список на ова гласачко место се запишани вкупно 714 гласачи.

Државната изборна комисија (ДИК) донесе одлука да се повтори гласањето на ова избирачко место врз основа на симулацијата со која се покажа дека прегласувањето може да влијае на бројот на освоени мандати, и врз основа на одлуката на Управниот суд да ја прифати тужбата на Коалицијата предводена од СДСМ и да донесе решение за поништување на гласањето на ова избирачко место.

На 11 декември на гласање излегле 404 од кои 91 гласале за ВМРО­ДПМНЕ, 87 за СДСМ, 65 за Беса, 64 за ДПА, 53 за ДУИ, 25 за Алијансата на Албанците и по еден за ВМРО за Македонија и за Коалицијата за промени и правда ­ Трет блок.

Во Изборната единица 6 според првичните резултати на ДИК, најмногу гласови 40.599 освои ДУИ, потоа следи ВМРО­ДПМНЕ со 26.135, СДСМ со 25.828, Беса со 25.054, Алијанса за Албанците 17.970, ДПА 16.225, ВМРО за Македонија 919 и Коалицијата за промени и правда ­ Трет блок 239.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top