| четврток, 6 декември 2018 |

И официјално: Победија Македонија и народот во Македонија!

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија се победници на деветтите парламентарни избори во Република Македонија со освоени 51 наспрема 49 мандати за СДСМ.

Државната изборна комисија вечерва на прес-конференција ги објави конечните резултати од прегласувањето во Теарце, со што и официјално заврши изборниот процес.

Со 149 гласа за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, 245 за СДСМ, по 1 за ДУИ, ДПА и Алијанската за Албанците, 2 за ВМРО за Македонија  ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата го задржаа мандатот кој се обиде СДСМ да им го скине по по изборите на 11 декември.

izbori-tearce-25-dekemvri

-ВМРО-ДПМНЕ на овие избори имаше исклучителен тежок противник затоа што тоа не беше само СДСМ и тоа сите го знаете и затоа оваа победа има посебна тежина и важност, особено ако се погледне низ што се минавме минатите 2,5 години и како партија и како држава, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по објавувањето на резултатите на 11 декември, а слободно може да се повтори и денеска, по исклучително жестокиот обид на СДСМ и неговите агитатори да се изврши изборен фалсификат и со прегласување во претежно албанска етничка средина да се промени изборниот резултат во корист на СДСМ.

Театарот во Теарце само покажа дека ВМРО-ДПМНЕ е во рамките на константната поддршка, а прегласувањето во Теарце беше само неуспешен обид на СДСМ и странскиот фактор преку изборен инженеринг да ја погази волјата на народот во Македонија и да обезбеди позиција за разпарчување на Македонија.

Жителите на Теарце не потклекнаа на обидите на СДСМ и Зоран Заев да ја фалсификуваат волјата на народот, изразена на изборите на 11 декември. Со прегласувањето во Теарце, се стави печат на исклучително важната победа на ВМРО-ДПМНЕ.

Ниту притисоците директно од СДСМ, ниту разни надворешни влијанија и притисоци од странски амбасади, ниту обидите за поткуп и видливиот постизборен инженеринг не беа доволни СДСМ да ја фалсификува волјата на народот и да ја украде победата преку ова прегласување.

СДСМ и сите нејзини помагачи во овие заткулисни игири денеска добија силна шлаканица од жителите на Теарце. Како попусти се покажаа целиот изборен инженеринг и обидите за фалсификување на јасно изразената народна волја. Народот денеска го порази СДСМ и испрати порака дека со никакви игри не може да се згази неговиот избор.

ВМРО-ДПМНЕ денеска не учествуваше на изборите, но тоа не ги спречи жителите на Теарце да го поразат СДСМ и сите негови манипулации изминативе денови.

Пропадна обидот за изборен инженеринг на СДСМ, откако граѓаните уште еднаш по гласањето на 11 декевмри ја потврдија победата на ВМРО-ДПМНЕ и Kоалицијата за подобра Македонија.

 

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Антониот Милошоски на социјалните мрежи прв му ја честита победата на народот во Македонија, тој објави дека на овој 25-ти декември народот е победник

 

Пратеници ВМРО 51:49 СДСМ
455.000 родољубиви гласови, пишува Милошоски на Фејсбук.“

antonio-milososki-fb

На избирачкото место 2011 во Теарце денеска се повтори гласањето за предвремените парламентарни избори 2016. Избирачкото место 2011 во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ беше отворено во 7 часот.

Во Избирачкиот список на ова гласачко место се запишани вкупно 714 гласачи.

Државната изборна комисија (ДИК) донесе одлука да се повтори гласањето на ова избирачко место врз основа на симулацијата со која се покажа дека прегласувањето може да влијае на бројот на освоени мандати, и врз основа на одлуката на Управниот суд да ја прифати тужбата на Коалицијата предводена од СДСМ и да донесе решение за поништување на гласањето на ова избирачко место.

На 11 декември на гласање излегле 404 од кои 91 гласале за ВМРО­ДПМНЕ, 87 за СДСМ, 65 за Беса, 64 за ДПА, 53 за ДУИ, 25 за Алијансата на Албанците и по еден за ВМРО за Македонија и за Коалицијата за промени и правда ­ Трет блок.

Во Изборната единица 6 според првичните резултати на ДИК, најмногу гласови 40.599 освои ДУИ, потоа следи ВМРО­ДПМНЕ со 26.135, СДСМ со 25.828, Беса со 25.054, Алијанса за Албанците 17.970, ДПА 16.225, ВМРО за Македонија 919 и Коалицијата за промени и правда ­ Трет блок 239.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top