Информациите за пријавени и уапсени лица кои вршеле поткуп на гласачи во Теарце кои попладнето синхронизирано беа објавувани на сите соросови медиуми се невистинити. Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, таков случај бил пријавен попладнето окоу 18 часот, но по спроведениот разговор со човекот што го пријавил кривичното дело било утврдено дека нема елементи на такво кривично дело.
- Попладне околу 18 часот лице од Теарце во СВР Тетово пријавило кривично дело „поткуп при избори и гласање“ . Службите на секторот веднаш реагирале, при што преземени се повеќе адеквватни мерки и аквитости. Во рамките на преземените мерки непосредно разговрано е со пријавителот и притоа е утврдено дека нема елементи на пријавеното кривично дело, а за што се остварени координација и консултација со надлежното Јавно обвинителство во Тетово, изјави Јосифовски за Република.
Од СВР Тетово ги демантираат информациите објавени во некои медиуми дека биле приведени лица кои наводно вршеле поткуп на гласачи.
Република дознава дека лицето кое го пријавило случајот во тетовската полиција, всушност признало дека не било сведок на поткуп, туку дека информацијата ја чул од некој соселанец, па врз основа на тој разговор решил случајот да го пријави во полиција.
Информацијата први ја соопштија од невладината организација „Цивил“ на Џабир Дерала, а подоцна и објавија дека е „потврдена“ дополнително манипулирајќи со чувствителни информации, но и лажирајќи службена потврда од надлежните органи. Лажната вест потоа ја презедоа сите соросови медиуми под контрола на СДСМ свесно подгревајќи тензии во јавноста непосредно пред утрешното прегласување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст