| четврток, 6 декември 2018 |

Единаесетти пораз на Карпош Соколи во АБА лигата

Кошаркарите на Карпош Соколи го претрпеа единаесеттиот пораз во регионалната АБА лига.

Во воведниот натпревар од 15. коло, одигран попладнево во Лакташи, екипата на Карпош Соколи беше совладана од Игокеа со 79-71 по четвртини 23:16, 27:18, 16:13 и 13:24.

На „Соколите“ не им помогна ниту расположените Кенрик Пери со 17 поени и четири асистенции, како и Бојан Трајковски кој средбата ја заврши со 16 поени и 7 скокови. Ова воедно беше и осмиот пораз на Карпош Соколи на исто толкуте одиграни натпревари на гостински терен.

Покрај овој меч, вечерва (од 19 часот) се игра и средбата во Белград, каде Партизан го пречекува македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром.

Останатите пет натпревари се: Мега Лекс – ФМП, Цедевита – Црвена Звезда (недела), Задар – Будуќност (понеделник), Крка – Олимпија и Морнар – Цибона (вторник).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top