Вреќата на Дедо Мраз веќе е наполнета со подароци, а елените едвај чекаат да полетаат со својата кочија.
И додека го чекаме пристигнувањето на старецот со црвен костим и бела брада, британски „Дејли Експрес” не потсетува на неколку занимливости за овој светски феномен.
– До 16. век, Санта Клаус (Свети Никола) не се поистоветувал со Дедо Мраз;
– Изедначувањето на Дедо Мраз со Санта Клаус почнува со холандските приказни за Синтерклас (што значи Свети Никола). Холанѓаните на 6 декември го одбележуваат денот на светецот и си разменуваат божиќни подароци;
– Дедо Мраз се појавува во народните средновековни бајки за делење подароци за време на Божик;
– Најстариот познат запис на називот Дедо Мраз на англиски е од 1773 година и потекнува од Америка;
– Првото училиште за Дедо Мразовци во светот е отворено во 1937, од страна на Чарлс Хауард во американската сојузна држава Мичиген.
– Во 2013, премиерот на Гренланд го прогласи Нелсон Мендела за Дедо Мраз на годината;
– Во првите илустрации, дарежливиот старец е облечен во зелено;
– Својот црвен костим Дедо Мраз го добива во 1931, благодарение на рекламите на „Кока Кола“;
– Современата асоцијација на добродушниот старец, кој доаѓа со летечка кочија и елени, и кој се спушта низ оџаците, се должи на поема на Клемент Кларк Мур напишана во 1823 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите се загрижени дека ќе мораат да ја прекинат магијата за нивните деца: Треба ли да се лаже за постоењето на Дедо Мраз?
-
Дeдо Мраз пристигна со борбен авион во грчкиот град Лариса
-
Дедо Мраз дојде и кај нас: Сашко Коцев и Гораст Цветковски делеа подароци за децата (фото)
-
Дедо Мраз им донесе пакетчиња на децата на војниците на АРМ