| четврток, 6 декември 2018 |

Кога таа се појавува веднаш има метеж, но и тепачка!

Телохранителите на Моника Белучи не им дозволуваат на непознати да им се приближат на прекрасната италијанска актерка, во што неодамна се уверија и двајца руски фотографи. Фотографите се обиделе да се добилижат до автомобилот во кој се наоѓала актерката, но во таа намера ги спречиле нејзините телохранители.

Кавгата која настанала поради упорноста на тие двајца Руси, набргу се претворила во тепачка. Сцената се случила пред еден хотел, поради што се вмешало и хотелското обезбедување кое се обидело да ја смири целата ситуација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top