| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска средба Груевски – Црвенковски

Премиерот на Република Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и Бранко Црвенковски, лидерот на СДСМ денеска на заедничка маса ќе се обидат да изнајдат решение за политичката криза. Премиерот понуди, а Црвенковски прифати, така што денеска во Клубот на пратеници тие ќе се обидат да најдад излез од ситуацијата.

Во поканата што Груевски ја испратил до Црвенковски пишува дека средбата е во контекст на предизвиците што се поставени пред државата, а кои бараат одговорно и сериозно поставување и внимание и заштита на државните интереси, како и на интересите на сите граѓани на Република Македонија

– Искрено се надевам дека освен вашата покана за средба кај вас, навистина, постои искрена политичка волја заеднички да ги утврдиме и реализираме сите предуслови за одржување слободни и фер избори како прв неопходен чекор за нормализирање на односите и за создавање нов и неспорен кредибилитет на државните институции, кои единствено можат да го овозможат  граѓаните на Република Македонија. Оттаму свесни за длабоката политичка криза во која се наоѓа земјата по немилите настани што се случија пред и на 24 декември, заради создавање амбиент за успешни интеграции на земјата во ЕУ и во НАТО, ја прифаќам вашата покана – вели Црвенковски во одговорот на Груевски.

– Република Македонија во рамките на својот државно правен развој се соочувала со предизвици од различен карактер, кои со мудро и одговорно однесување успевала да ги надмине и да извлече позитивни пораки, а притоа и да стане посилна – истакнува Груевски во поканата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top