| четврток, 6 декември 2018 |

На 16 години беше трудна и позната – вчера почина од предозираност

Дваесет и тригодишната Валери Фаирман , некогашна ѕвезда во шоуто „16 And Pregnant“ на „Ем-Ти-Ви“ е пронајдена мртва во домот на нејзиниот пријател. Се претпоставува дека се предозирала со дрога. Семејството и пријателите потврдија дека Варија е мртва. 23-годишната мајка на 7-годишната ќерка учествувала во шоуто во 2010 година. За ќерката се грижела нејзината мајка.

Валерија била верена за локален музичар, Руша Босија. Долго се борела со зависноста.

– Тажни сме поради овие вести за смртта на Валерија. Нашите мисли и молитви се со семејството, се вели во сооштението на „Ем-Ти-Ви“.

Нејзината мајка кажала дека била кај пријателот кога се случило тоа. Тој се загрижил кога Валерија долго не се вратила од тоалетот, па ја разбил вратата и ја пронашол во бесвест.

Екипата на Брза помош се обидела да ја оживее, но безуспешно. Точната причина за смртта е позната по аутопсијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top