| четврток, 6 декември 2018 |

Путин со писмо до Трамп се залага за ново ниво на односите

Преодниот тим на американскиот нов претседател Донал Трамп го објави писмото од рускиот претседател Владимир Путин, кое било примено минатата недела. Во писмото Путин се заложува за билатерална соработка и ново ниво на американско-руските односи.

-Во писмото се укажува дека сериозните глобални и регионалнни предизвици покажуваат дека односите на САД и Русија се важен фактор во обезбедување стабилност и безбедност во современиот свет- наведуваат од тимот.

-Се надевам дека ќе можеме со делување на конструктивен и прагматичен начин да преземеме вистински чекори кон обновување на рамката на билатерална соработка во различни области, како и да го подигнеме нивото на соработка на меѓународната сцена на ново квалитетно ниво- напишал Путин.

Писмото, кое тимот на Трамп го опишува како неофицијален превод, е со дата од 15 декември. Трамп во додатното соопштение изразува надеж дека двете земји може да ги „оживеат овие идеи“ и дека нема потреба да „одат по алтернативни патишта“, пренесува агенцијата Ројтерс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top