Најпопуларниот ден да отидете на љубовен состанок во 2017 година е многу близу – 1 јануари.
Како што пишува „Тајм“ на самата Нова година најмногу двојки ќе отидат на романтичен состанок. Апликацијата за пронаоѓање партнер „Hinge“ предвидува дека огромен број нови корисници токму на први јануари ќе се пријават на апликацијата.
Популарноста на 1 јануари да се оди на љубовен состанок не е некоја новост, ова беше најпопуларен ден и во 2012 година. На први јануари 2016 година апликацијата „Hinge“ забележала скок за 35 проценти повеќе посетители, а на Нова година 2015 разменети се 64 проценти повеќе телефонски броеви.
И да ја немате својата подобра половина, излегувањето на љубовен состанок на први јануари може да има големо влијание на вашиот живот во 2017 година. Среќно!
извор: Македонија денес
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.