Автомобилот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, утрово е забележан пред канцелариите на поранешниот прв човек на СДСМ и поранешен претседател, Бранко Црвенковски.
Автомобилот „ауди А8“ на Заев утрово е паркиран пред канцелариите на Црвенковски. Дали Заев планира да се повлече од политиката и токму ова е причината за нивната средба или, пак, е во план некаков друг договор останува да се види.
Заев вчера изјави дека се повлекува од градоначалничката функција во Општина Струмица и истакна дека за него ова е последна седница.
– Во следните денови настапува престанок на мојата функција градоначалник заради започнување друга функција. Во согласност со законот, сакам да ја информирам јавноста дека во наредниот период за заменик-градоначалник ќе го именувам советникот Костадин Костадинов, кој ќе ја извршува функцијата се до законското назначување на ВД градоначалник на Струмица – рече Заев.
Пред изборите на 11 декември, Заев изјави дека целосно ќе се повлече од политиката ако биде поразен, но, и покрај претрпениот пораз, лидерот на СДСМ сѐ уште се нема одлучено за таков чекор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.