| четврток, 6 декември 2018 |

РСБСП: Внимателно во сообраќајот за новогодишните празници

rsbsp

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во пресрет на новогодишните празници ги поттикнува и ги повикува сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ги почитуваат правилата во сообраќајот. ­

– Многу грешки, многу изгубени човечки животи се последица единствено на невнимание и непочитување на сообраќајните правила и прописи, поради своеглавост и преголема самодоверба. За многумина од нас, како и за РСБСП, ова не беше ни малку розева и лесна година. Оваа година, ни се случија сообраќајни незгоди со смртни последици во кои настрадаа многу невини луѓе, велат од РСБСП.

Ги потсетуваат учесниците во сообраќајот дека брзината со која се управува возилото секогаш треба да е прилагодена кон условите на патот, и на најкратката дестинација да се користи сигурносен појас или заштитен шлем, алкохолот да не одлучува на која дестинација се патува, да не се користи мобилен телефон додека се воози и оти почитувањето на сообраќајните правила важи за сите, односно и за пешаците, велосипедистите и мотоциклистите. ­

– Во наредната 2017 година да ги оставиме зад нас нашите лоши навики -­ агресивноста, брзината, алкохолот…, зошто секој од нас треба да се чувствува безбедно и да учествува безбедно во сообраќајот. Посакуваме во автмобил, пеш, на велосипед или на мопед да се вратиме дома безбедно, живи и здрави, порачуваат од РСБСП и посакуваат среќни, весели и безбедни новогодишни празници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top