Британската амбасада во Република Македонија се огради од ставовите изнесени во анализите на поранешниот дипломат Тимоти Лес, кои ги објавивме вчера и денеска, а во кои тој со апокалиптични предвидувања зборува за нови војни на Балканот, прекројување на актуелните граници и за финализирање на планот за Голема Албанија.
„Пишувањата на Тимоти Лес се лични ставови. Тој повеќе не работи за британската влада и неговите коментари на ниту еден начин не ја одразуваат политиката на британската влада“, стои во кусото соопштение на Амбасадата на Обединетото Кралство во Македонија.
Тимоти Лес, кој порано раководел со канцеларијата на британската амбасада во Бања Лука во БиХ, потоа на Одделот за институциите на ЕУ и како политички секретар на британската амбасада во Скопје, во својот авторски текст отворено се залага и им порачува на САД да го поддржат воспоставувањето нови – проширени и намалени – граници на повеќе држави бидејќи досегашната политика на мултиетничноста на Европската унија за овој регион доживеала неуспех. Според овој поранешен британски дипломат, треба да се менуваат не само границите и внатрешното уредување на Македонија туку и на останатите балкански држави – БиХ, Србија, Kосово, Црна Гора. Сето тоа, смета Лес, треба да се спроведе првин со помали промени, кои потоа би завршиле со целосни промени на државните меѓи.
– На краток рок Вашингтон треба да ја поддржи внатрешната фрагментација на мултиетничките држави каде што малцинствата го бараат тоа. На пример, да се прифатат барањата на Албанците за федерализација на Македонија и тоа на Хрватите за трет ентитет во Босна. На среден рок САД треба да им овозможат на овие различни територии да формираат блиски политички и економски врски со своите поголеми соседи, како што е овозможување двојно државјанство и воспоставување заеднички институции додека формално ќе останат дел од нивната постојна состојба – е замислата на овој аналитичар, која би требало да се оствари во првата фаза.
Во следната, последна фаза, тој отворено порачува дека овие територии може да се обединат со соседните матични земји.
– Во последната фаза тие би можеле да се ослободат од своите постојни состојби и да се обединат со матичната земја, можеби во почетокот како автономни региони. Еден хрватски ентитет во Босна ќе се спои со Хрватска; Република Српска и северот на Kосово со Србија; и Прешевската Долина, западна Македонија, а и повеќето од Kосово со Албанија. Во меѓувреме Црна Гора, која може да ги изгуби своите мали албански енклави, или ќе остане независна или ќе се соедини со проширената Србија. Во остварувањето на овој план САД едноставно ќе ја заживеат визијата на Вилсон за Европа составена од самоуправни земји – освен во оној дел на континентот каде што оваа визија никогаш се применувала – потенцира тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст