| четврток, 6 декември 2018 |

За хармонија и убава енергија: Уредување на домот за празниците според фенг шуи

Оставете ги стресот и уморот во годината што изминува. Почнете од домот, кој со советите од фенг шуи полесно ќе го прочистите од негативната енергија.

– Елката ставете ја спроти влезната врата, на тој начин ќе ги подобрите семејните односи

– Елката и украсите нека бидат колку што е можно поприродни

– Не одбегнувајте светликави украси; огнот симболизира слава и углед, а ламбичките симболично го претставуваат него

– За да го подобрите здравјето, божикната ѕвезда или некое друго цвеќе засадено во земја држете го на средина на просторијата

– Украсните ангели ставете ги лево од влезната врата. На тој начин ќе имате помош од други луѓе

– Во десниот агол, спроти влезната врата, ставете две мирисливи и украсни свеќи. Така ќе имате празник полн со љубов и разбирање. Свеќите треба да се во жолта, црвена и кармин боја

– Зад вазната со цвеќе ставете огледало за да ја дуплирате убавината

– Главните светла не треба да се премногу силни

– Ставете перници или некои други украсни предмети со кои ќе се овозможи движење на позитивната енергија

– ПовикаЈте парен број гости

– Не сместуваЈте ги гостите во близина на вратата. Кој седи до влезот, секогаш прв си заминува дома

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top