Папата Франциск во вторникот попладне излегол од Ватикан за да си купи ортопедски чевли во блиска специјализирана продавница, што многу ги изненади купувачите што се најдоа во неа, јавија италијанските медиуми.
Сведоците го овековечија тој момент споделувајќи фотографии на друштвените мрежи.
Светиот Отец до продавницата дошол со автомобил, разговарал со продавачите и позирал смешкајќи се, што може да се види од фотографиите кои ги презедоа медиумите.
Младиот продавач ја искористи посетата и го замоли папата да му го благослови распетието.
Папата Франциск ги изненади римјаните и туристите и во септември 2015 година, кога посети оптичар во средиштето на Рим, како обичен граѓанин да купи очила.
Папата, со потекло од Аргентина, живее во скромна резиденција во Ватикан и често истакнува дека сака да води едноставен живот и да биде блиску до луѓето. Во еден разговор призна дека му недостасува можноста да излезе анонимно од Ватикан, да прошета по градските улици и да изеде пица, на пример.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст