Ваквата одлука, како што било соопштено од Белата куќа, е донесена поради силната и одржлива економија на Акртикот и екосистемот, и поради изложеноста на тој регион на излевање на нафта.
Овој потег е значајна победа за оние кои се борат за зачувувањето на околината, а со години се бореле против бушење во тој еколошки кревок регион.
Одлуката на Обама се базира на законот од 1953. година, кој му дозволува на претседателот да забрани експлоатација на подводни ресурси на неограничен рок. Со тоа дополнително му отежнал на Доналд Трамп да ја поништи оваа одлука, бидејќи за тоа ќе мора да се обрати во Врховниот суд на САД, пренесува CNN.
Потсетуваме, Трамп најавил дека ќе ја зголеми експлоатацијата на нафта и гас во морето.
Забраната се однесува на 46,5 милиони хектари во сојузните води покрај брегот на Алјаска во Чукотското море и поголем дел од Бауфортовото море, и 1,5 хектари во Атлантикот од Нова Англија до заливот Чеспик.
Забраната не ја вклучува Алјаска и неколку делови на Мексиканскиот Залив, а почнува да се применува од 2017.
Планот е фокусиран на најдобрите места, односно тие кои имаат најголем потенцијал на ресурси, најнизок конфликт и воспоставена инфраструктура”, рекла секретарката на за внатрешни работи.
Претставниците на оваа индустрија ја осудиле забраната велејќи дека станува збор за арогантна одлука која не е изненадувачка. Се побуниле и некои сенатори кои рекле дека Обама не го слуша гласот од сите страни, додека потпретседателката на групата за заштита на околината ја пофалила одлуката на претседателот.
Околу 400 научници потпишале писмо во кое се апелира до претседателот на САД да го сопре бушењето во Арктичкото море. Обама работел на заштита на околината, па потпишал важни договори за сопирање на климатските промени. Канадските службеници, исто така, се обврзале на слични мерки во своите води во Арктикот, но нивните мерки ќе бидат предмет на процена на секои пет години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.