Павле Богоевски, кој беше лидер на платеничката Шарена револуција на СДСМ, е примерот како партијата дејствува.
Tој стана познат по дивеењето и уништувањето на државниот имот како и нападите врз полицијата кои беа дел од платеничката револуција чија материјална штета се брои во неколку милиони денари.
Откако требаше да го стигне правдата и да се појави на рочисте тој свесно и намерно го игнорира судот. Како и неговиот лидер Зоран Заев, тој постојано си измислува причини и го одбегнува судењето.
Додека за сите останати граѓани важи законот и судската власт за Павле и СДСМ тоа не е случај. Tој денес по трети пат го одложи судењето, а исто како и во случајот со Заев, поради „лични причини“ – наводно неговиот адвокат бил отсутен поради лични причини. Ова јасно укажува дека се работи за свесно одолговлекување и газење на судската власт.
Во меѓувреме Богоевски скапо го наплати својот активизам и дивеење па стана пратеник од СДСМ. Додека продаваат магла за правда тие се први кои ја газат правдата.
Вчера Заев излажа дека морало да го скрати рочиштето, бидејќи морал да се сретне со италијанскиот амбасадор. Тој, пак, демантираше дека воопшто се сретнал со Зоран Заев.
Исто така, минатата недела Заев го излажа судот во Куманово дека има обврска да се појви во ДИК, а наместо во ДИК, каде што не го ни очекуваа, беше на средба со гражаните во Битола, од каде што изјави уште една лага – дека по изборите редовно се гледа и се слуша со Груевски. Исто како и италијанскиот амбасадор вчера, така и Греувски демантираше дека се гледа и се слуша со Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.