| четврток, 6 декември 2018 |

Најскапите градови за странските работници

Лондон го префрли Хонг Конг како најскапиот град за живеење на странски службеници. Ова станува јасно од новиот извештај на компанијата за недвижности Savills. Британската престолнина е на чело на листата за прв пат последниве 5 години. Трошоците за живот и работа во Лондон се зголемија за речиси 40% од 2008 година, се наведува во извештајот.

Од 12-те најскапи градови, само Рио де Жанеиро и Сиднеј имаат поголем раст на трошоците за периодот – 86% и 58% соодветно.

Во меѓувреме да живееш и работиш во Токио веќе не е толку скапо. Трошоците за живот во јапонската престолнина оваа година се со скоро 23% пониски во однос на 2008.

Видете кои се најскапите градови за странски службеници и колку изнесува годишен трошок за престој и работа кај нив:

stranskituristi1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top