| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерна изведба на театарско-телевизискиот проект „TВ-бокс“

Вечерва, 21 декември со почеток во 20.00 часот на Скопски саем Хала 4, премиерно ќе биде изведен проектот „Тв-бокс“ (TV Box), проект со висока специфичност, прв од својот вид во Македонија каде што театарот се испреплетува со телевизијата, а воедно и прв проект на здружението за афирмација на драмската култура и уметност „Луменетика проект“ (Lumenetica Project).
Преку еден ваков мултимедијален проект, овие претставници на младата креативна енергија го превземаат првиот чекор кон креирање подобра платформа за промоција на новиот тип на македонска култура. За времетраењето на една изведба публиката ќе има можност да биде дел од приказните кои се случуваат и пред и зад камерите.
Овој проект е во режија на Златко Славенски, а во него учествуваат актерите Ангела Стојановска, Христијан Поп-Симонов. Ирена Мирческа, Васко Костовски и Владанка Димковска.
Истиот е замислен како еден театарски серијал, а во првата епизода ќе учествуваат и бендови како Чиста Околина, Minstrel’s Gallery, Funk Shui како и Ристо Солунчев и писателката Вера Калин.
Втората изведба е закажана за 22.12.2016, на исто место и време, а останатите епизоди ќе се прикажуваат од јануари 2017 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top