| четврток, 6 декември 2018 |

Го пиеле лосионот за капење со алкохол – 60 лица починаа во Русија

Најмалку 60 луѓе починале од труење со алкохол во Иркутск, а властите досега уапсиле 11 лица поради сомнение дека продавале лосион за капење што содржи метанол.

Регионалното Министерство за здравство соопшти дека се регистрирани 105 случаи на труење, од кои 40 се се уште во болница, а петмина се отпуштени поради подобрување на нивната здравствена состојба.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев неодамна, на седница на Владата, нагласи дека властите мораат да делуваат брзо и да ја забранат продажбата на ваквите препарати.

– Тоа е страшно. На ова мора да се стави крај, истакна Медведев.

Истражниот комитет на Руската Федерација, највисокиот истражен орган на земјата, објави дека на амбалажата било наведено дека лосионот е само за надворешна употреба.

Поради овој инцидент во Иркутск е прогласена вонредна состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top