| четврток, 6 декември 2018 |

Кој е човекот кој се смее додека сите плачат по нападот во Берлин?

По вчерашниот масакр на Божиќниот саем, кога терорист со камион убил 12 лица, се појавила контроверзна фотографија од улицата во Берлин, која предизвикала навредливи коментари.

На Твитер била поставена фотографија на која се гледа репортерот на телевизија RTL, кој по нападот на терористите известува од берлинските улици. Во позадина се гледа насмеано момче, кое во тој момент зборува на телефон.

-Не биле сите потресени по нападот во Берлин. На овој тип му се допаѓа што “неверниците” се мртви, напишал покрај фотографијата корисникот на Твитер со име “NeverRino”.

Претпоставката на корисниците на Твитер е дека момчето од фотографијата потекнува од Блискиот исток и дека се радува по масакрот на Божиќниот саем, што предизвикало бурни коментари од корисниците на оваа социјална мрежа.

Може да се забележи и дека мислењата се поделени, и додека едни сметаат дека станува збор за мигрант кој се радува поради убиството на невини луѓе, други ги отфрлаат таквите размислувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top