Високиот руски дипломат Пјотр Полшиков денеска е пронајден убиен во неговиот стан во Москва.
Според руските медиуми, безживотното тело на 56-годишниот Полшиков имало прострелни рани на главата.
Околностите за смртта на Полшиков засега не се познати, а полицијата ги разгледува сите можни теории за убиството.
Според полициски извори, крај телото на дипломатот имало две чаури од куршуми, а под мијалникот во бањата бил пронајден и пиштол. Засега не е познато дали куршимите биле истрелани од пронајдениот пиштол.
Полшиков работел како главен советник во Одделот за Латинска Америка на руското Министерство за надворешни работи.
Набрзо по објавувањето на информацијата за убиството на Полшиков, се огласи и руското Министерство за надворешни работи, кое во кусо соопштение нагласува дека неговата „смрт не е поврзана со должносите што ги извршувал“.
Веста за смртта на овој руски дипломат доаѓа само еден ден по вчерашното убиство на амбасадорот на Русија во Анкара, Андреј Карлов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.