| четврток, 6 декември 2018 |

Фотографија од убиениот возач на камионот на смртта: Лицето му е крваво и потечено

Полјакот Лукаш Урбан (37) е првата жртва на терористот кој го украл неговиот камион, го убил, а потоа удрил во луѓето на Божиќниот пазар во Берлин.

Лукаш требало во Берлин денеска да остави товар со челик. Неговото тело било пронајденото на совозачкото место во камионот, но се` уште нема информации дали е убиен.

Сопственикот на полската компанија која е сопственик на камионот рекол дека токму возачот бил првата жртва на терористот. Како што тврди сопственикот на компанијата Ариел Зуравски, Лукаш бил избоден и застрелан во возилото пред почетокот на крвавиот поход, пренесува АП. Зуравски рекол и дека германските власти го замолиле да го идентификува телото на убиениот возач Урбан од фотографијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top