| четврток, 6 декември 2018 |

Судијата од финалето на светското клупско првенство откри зошто не го исклучил Рамос

serhio-ramos

Јани Сиказве, судијата кој ја делеше правдата на финалето од Светското клупско првенство во кое Реал Мадрид се заќити со титулата, откри зошто не му покажал црвен картон на дефанзивецот на „кралевите“, Серхио Рамос.

Во последните минути од регуларниот дел Рамос стартуваше грубо врз фудбалер на Кашима, а Сиказве се фати за џебот, меѓутоа потоа ја промени одлуката, а шпанскиот бек остана да игра до крајот на средбата. Неколку дена по натпреварот, судијата реши јавно да проговори на оваа тема и вели дека се било недоразбирање.

– Се работеше за недоразбирање помеѓу мене и линискиот судија. Ми сигнализираше дека има прекршок и ми кажа „нема картон“. Но, јас го разбрав „картон“. Тоа е тоа – изјави Сиказве.

Со одлуката да не му покаже картон, Сиказве предизвика скандал низ медиумите во Шпанија. Реал Мадрид стана шампион на клупското СП по продолженија, во кои славеше со 4-2. Регуларниот дел заврши со резултат 2-2, а „кралевите“ сигурно ќе имаа потешка задача да дојдат до трофејот ако Рамос беше исклучен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top