| четврток, 6 декември 2018 |

За украински пратеник убиецот на рускиот амбасадор е херој

para

Пратеникот во Врховната рада, Владимир Парасјук, убиецот на рускиот амбасадор во Турција го нарече херој, пренесува БТА. ­

-Кога човек по цена на сопствениот живот е подготвен на крајни мерки, поради идеја, вистина, тогаш со сигурност може да се каже ­ херој! – напиша украинскиот пратеник на „Фејсбук“.

Тој додаде дека убиецот на рускиот амбасадор е „херој за својот народ“.

Пораката на Парасјук предизвика бурни коментари на „Фејсбук“ дека убиец не може да биде херој. На социјалните мрежи на турски јазик има поголем број остри и негативни коментари за инцидентот: ­ Да се убие невооружен амбасадор ­ не е подвиг, туку терористички напад- гласи една од пораките на социјалните мрежи.

Но, иако во помал број, има и луѓе кои го одобруваат чинот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top