Непознати напаѓачи синоќа фрлиле молотови коктели врз три тролејбуси во близина на историската зграда на Политехничкиот универзитет во центарот на Атина.
Полицијата соопшти дека во возила за време на нападот немало патници и нема информации за повредени лица.
Во меѓувреме, вандали ноќеска повторно ја нападнаа и електричната железница, кршејќи апарати за изавање и за поништување билети на станицата во Кифисиа, во северниот дел на Атина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.