| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп: Убиството на рускиот амбасадор е нарушување на сите правила на цивилизираниот поредок

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го осуди убиството на рускиот амбасадор, Андреј Карлов.

Трамп преку соопштение изрази сочувство до блиските на Карлов.

Новоизбраниот претседател на САД изјави дека убиството било извршено од „радикален исламистички терорист“.

– Тоа е нарушување на сите правила на цивилизираниот поредок и треба да биде осудено од сите, нагласи тој.

Трамп веќе неколку месеци повикува на подобрување на односите на САД со Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top