Австриските власти откриле турска криминална група која незаконски внела околу десет илјади емигранти во западна Европа изминатите десет години, соопшти австриското Министерство за внатрешни работи, јави ДПА.
Групата заработила околу 15 милиони евра од транспоротот на Сиријци, Ирачани, Иранци, Авганистанци и Пакистанци.
Австрискиот министер за внатрешни работи, Волфганг Соботка, изјави дека такви криминални активности носат висока заработувачка, која е многу поголема од таа остварувана преку трговија со дрога.
Уапсени се десет членови на криминалната група, а против некои од нив веќе се водат судски процеси. По тројца Турци, за кои постои сомневање дека се лидери на групата, сѐ уште се трага.
Шверцерите на луѓе користеле три маршрути. По првата емигрантите се движеле со воздушен транспорт од Истанбул до Црна Гора, од каде што биле превезувани со автомобил преку Балканот до Виена. По втората емигрантите патувале по море од Турција до Грција, а оттаму по копно се упатувале до западна Европа. По третата емигрантите биле транспортирани по воздух од Истанбул до Лвов во Украина и потоа биле пренесувани до Виена.
Освен Австрија, меѓу крајните дестинации на емигрантите биле и Германија, Италија, Швајцарија, Франција и Шведска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст