| четврток, 6 декември 2018 |

Штајнмаер: Шокиран сум, сочувство до семејствата на жртвите во божиќниот масакр

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер изрази шокираност од нападот во Берлин во кој вечерва загинаа девет луѓе а над 50 се повредени.

– Шокиран од ужасните вести од инцидентот во близина на црквата Кајзер Вилхелм, изјавил Штајнмаер, се вели во соопштението на германското министерство за надворшени работи, пренесува дописникот на МИА од Берлин.

– Изразувам длабоко сочувство до семејствата, роднините и пријателите на загинатите и повредените за кои се надевам дека брзо ќе закрепнат“, се вели во изјавата на Штајнмаер според кого германските власти се уште немаат целосна слика за инцидентот а безбедносните агенции работат на целосно разјаснување на случајот и наоѓање на напаѓачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top